Спротивно на него, манастирскиот измеќар, кој не беше ни толку умен како Петрета, целата ноќ ја помина во фантазии во кои немаше пречки, а мислите му се надоврзуваа бујно една на друга и се мешаа, додека тој беше секогаш најумниот и најснаодливиот, та душата му се топеше во чисто блаженство.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Црните хроники по весниците многу ѝ ја имаа развиено фантазијата во таа насока.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Чичко ми беше многу млад кога јас растев во малиот стан во Мичурин.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Во грмушките бевме стуткани речиси цел час и ниту една од нас немаше идеја што да сториме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Од фрижидерите со снежец до моите недостижни фантазии во раните пубертетски години.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)