И Татковата судбина беше означена од спротивставувањето на фашизмот во потрага и спас на своето семејство и наметнатата бегалска судбина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кутриот Камилски, некогашен јуришник од шпанските барикади, аулите на париската Сорбона, прекален борец во борбата против фашизмот во Македонија, еден од основачите на Универзитетот во Скопје, на крајот заробеник во проклетата тврдина островот Голи Оток, како да одеше на последната битка во својот живот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Воената ситуација кон крајот на 1942 и почетокот на 1943 на Источниот и Африканскиот фронт имала свое влијание и за промена на ставот на Отечествениот фронт во однос на оружената борба против фашизмот во Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во оваа фаза Македонците предводени од Никола Парапунов ги формирале покрупните партизански единици.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Тој во тие темни и неизвесни времиња, кога царуваше фашизмот во Европа, откако се спаси од сталинизмот во својата земја, стигна крај Езерото следејќи го патот на јагулите, и останувајќи им верен на ситните паразити, рибите на Езерото и птиците, а посебно на нивните миграторни движења...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Јас, син на некогашен албански емигрант, пребегнат од Поградец (Албанија) во Струга (Македонија), во далечната 1943 година, бегајќи со семејството од фашизмот во Албанија, преживувајќи во социјализмот во Југославија, станав прв амбасадор на новата Република Македонија во Франција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)