Јас го разбирам светот како шаховска табла составена од повеќе фигури кои имаат своја улога.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Она што таа не можеше да го претчувствува, тоа се пајаците, се најдовме три или четири пати и тие не касаа, беа неподвижни во бунарот, исчекувајќи, сè до денот кога дознав, како сето време да не знаев, но во вторник - да се стигне до кафулето, да се замислува дека Мари-Клод веќе е таму или пак да се види како влегува со својот еластичен чекор, да се види нејзината црномуреста фигура која, и не знаејќи, невино, веќе влегла во борба со пајаците одново разбудени, во борба со пречекорувањето на играта која единствено таа и успеа да ја сочува едноставно со тоа што ја испружи својата топла рака, едноставно со тој прамен што шеташе по нејзиното чело.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тоа беше една повисока степен во естетиката на живеењето на маказарчани - не просто бели ѕидови на одаите, туку шарени, некаде со ситни цветчиња, другаде со крупни медалјони, на трето место со фигури кои беа почисти во линиите, налик на геометриски.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Протестот беше организиран од некој Форум за демократски промени, неформална група со помпезно име , составена од дваесетина брадосани млади луѓе во излижани фармерки и по некое женско чедо, веројатно дојдени во функција на девојки на епско - демократските фигури кои што го организираа овој прогресивен хепенинг.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Овој споменик, кој се шири на огромно пространство, со сета своја впечатливост на мевзолејот, издигнат на една височинка, преку многубројните релјефи, преку фигурата која ја изобразува советска мајка, евоцира сфаќања за големата битка за Берлин, каде што ѝ е зададен конечнот и смртоносен удар на Хитлерова Германија...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)