Во однос на македонското национално прашање, уште на самиот почеток тие гледале да не дозволат негово решавање, нагласувајќи ја готовноста да прифатат само формирање македонска држава во идната федеративна Југославија, но барале гаранции дека "таа држава нема да анектира или да полага право на какви било територии што ѝ припаѓаат било на Бугарија било на Грција, врз основа на тоа дека тие територии се македонски".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во таа ситуација, за британскиот Форин офис биле од голема важност информациите на британските воени мисии што престојувале во Македонија, имајќи го предвид развојот на политичките собитија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)