Се сеќавав во тие мигови на случајот на Мигел Унамуно, славниот ректор од Саламанка, кога на една слава во времето на фашизмот, на хистеричните повици на Франковите војници да живее смртта, со нему својствена храброст ќе истапи со познатите зборови дека има мигови кога молчењето може да биде лага, спротивставувајќи се на извиците за смртта со повиците за живот, во неговата осуда на фашизмот и франкизмот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ги гледав како се радуваат на смртта, на умирањето, на излеаната црвена крв.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но уште ќе рече дека на тие што им недостига храброст ќе изнајдат цела филозофија за да се оправдаат. Каква храброст покажував во тие мигови?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А гледаш, Дед Павел како да не се сложуваше со мене.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не е лесно да закопаш дел од својот живот особено тогаш кога твојата храброст ќе ја насрчи неправдата и злото кај оној кому некогаш му ја имаш доверено својата доверба.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)