„Само најмудрите – запишал нивниот doctor mirabilis – оние што знаат значењето на орелот, еленот, змијата, фениксот, на суштествата што го обновуваат животот со моќта на билките и карпите, само тие имаат шанса да го сочинат чудесниот Еликсир, во чија делотворност нѐ убедуваат писмата од Папата што сведочат за прататковската старост на одделни Тиријци, како и 223-те лета што ги преживеа отецот Силвестер, од кого се чува свежата мумија во снежниот храм на врвот од планината“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Понекогаш и императорите победници не сакале да го урнат храмот на религијата на другите, туку да го задржат како трофеј на нивното освојување.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Така беше и со големиот број Левантинци кои Татко ги среќаваше крај храмовите на Цариград, загледани во летот на галебите кон високите минариња.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тешко би можело да се најде друг пример во светот кога народот на едната вера бара да му се подигне храм на верата од другиот народ.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Храмот на Бессребрените Исцелители за сребро го трампаа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„Царот Алексиј Комнен. Византиецот. Што го изградил храмов на великомаченикот Пантелејмон.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
3 „Leshana Haba'a Bi'rushalayim“ – „Догодина во Ерусалим!” 4 Хабајит – Храмот на Соломон, божјиот дом во Еусалим, хебрејски 5 Хамизбеах – Жртвеникот на Храмот
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Можеби ќе го најде за миг во катедралната црква Света Софија, по речиси три децении од првото доаѓање на бреговите на Езерото, ќе трага по клучот на бравата на слободата, ќе ја најде отворена вратата на катедралната црква Света Софија, во храмот таа ноќ престорен во поетски храм на добрината и толерантноста на поворката избрани поети од светот на Езерото, татковина на животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Никогаш нашиот егзил нема да биде залуден, пееше Дарвиш, по својот полвековен егзил, за вечното враќање дома на Палестинците.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како да беше на брегот на своето молитвено место, а Езерото, нејзиниот храм на надежта, некаква божја сила во која веруваше само таа дека еден ден ќе ги стаса своите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Вжарен, па испотен камен – тоа е историјата: севезден да ги оплакуваш мртвите и пљачкосаното царство, да гледаш како царството станува вазалство, севезден на штрек да пречекуваш нови освојувачи кои по цели ноќи на месечина низ шепотот испуштаат уплав за оние кои не знаат дека на Инките убаво им стои да се вазали на сонцето, а уште поубаво им стои да се измеќари во Храмот на сонцето.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
А се помни, не дека не се помни, дека кутриот војник Мансо де Легисамо една ноќ под јасна месечина изгубил на коцка цел еден златен ѕид од Храмот на Сонцето во Куско, што му бил доделен како воен плен.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Минале илјадници, милиони години, човекот и покрај сите тегоби и неволји, му останувал верен на Езерото и на животот во него, на сите животи. На јагулите и на пастрмките. На сунѓерите и на микроорганизмите. На сите животи во храмот на природата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Татковата библиотека беше вистински храм на тишината, негова градина на тишината, чиј таен код на неговиот живот и на животот на семејството, најуверливо можеше да го толкува само Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Шетаат низ урнатините и водичот им покажува и објаснува: „Ова е главниот плоштад - Форум, ова се киповите на Јупитер, Јунона и Минерва; овдека се остатоците од храмот на Аполо, овде пазарот, градските бањи, а ваму крај брегот на рекава, театрите и големиот амфитеатар на кој присуствувале и по дваесет и пет илјади гледачи за да ги гледаат борбите на гладијаторите; на оваа страна имало убави куќи и вили меѓу кои се истакнувала вилата на Цицерон; по должината на оваа улица биле крчмите во кои се пиело и веселело...“
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)