Не само мажот, туку и просторот, куќата беа привид, фантомски, а разнобојните цветови кои толку грчевито ги внесе за да ја поврати животноста заличуваа на студен пластичен декор, на сцена низ која се движеше како неволна епизодистка.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Цветовите кои умираат имаат потреба од градинарот, но градинарот има уште поголема потреба од цветовите кои умираат од жед.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Веќе ништо не ми беше мило и барав да си заминам што побргу.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
ВТОРАТА ЖЕНА: Не мислиш ли дека ние децата бевме тие цветови кои ни криви ни должни беа одгледувани во твојата темна соба.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
И подзасушените јасминови цветови кои лазеа по ѕидовите на палатата ја ослободуваа својата згустена миризба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ќе станеш цвет кој цел живот се подготвува, но никако да расцвета.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)