При секое доаѓање кај Висар, учителот му носеше и цвеќе; му го носеше цвеќето синчец кое учителот го викаше „детско главче“; му го носеше него, бидејќи и син му ова цвеќе го сакаше најмногу.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Не знам како да објаснам, тоа е едно чудно чувство, како кога имаш саксија со цвеќе на прозорецот од надворешната страна, а прозорецот е затворен и ти цвеќето го гледаш преку стаклото.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Во еден период цвеќињата го прекрија балканот од сите страни, стануваа видливи во далечината.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Изабела оди да го полие цвеќето. Пред тоа ми нуди цветен ликер.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Но дека и цвеќињата го наслутуваат приближувањето на водите, нема спор!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дури и во неговата последна година, кога цвеќето го ставаше пред луѓето.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Летно време тревата најбргу узреваше и венеше токму во таа валта, но затоа пак пролетта првото планинско цвеќе го садеше тука, а и доцните есенски цветови последни догоруваа на ова место.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)