Бошко беше среќен, ги откупија неговите три деца и жената, ги спасија од пазариштата на робја на Крит и во Едрене, каде што сигурно ќе ги однесеа, зашто таму цените беа повисоки.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Понекогаш се враќаше со изненадувачка ненадејност, без претходно предупредување, како нешто живо во неа, што било заспано, па се разбудило од силен удар и било гладно и имало потреба да го нахранат, а неговата цена беше болката.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)