Камилски овие мисли ги сподели со Татко, кого го сметаше за покомпетентен од себе: Османската цивилизација мошне брзо ќе завладее во светот, но врз нови цивилизациски вредности, различни од андалузиската исламска цивилизација, пред сѐ мотивирана од военоосвојувачки цели. Но тоа е долга историја...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски не беше целосно задоволен од одговорот, ја продолжи својата мисла како можен предизвик за Татко: Врз осумвековната мистерија на исламскиот андалузиски период се надоврзуваат митските шест века на османската цивилизација.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)