цигара (имн.) - меѓу (предл.)

Сфаќаш ли? Не, рече Отец Симеон. Кога пијам не сфаќам. Цигарата меѓу прстите на хирургот ја гореше кожата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
— Јас лично ве видов, вели генералот и ја врти цигарата меѓу забите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа доаѓаше до израз дури и во движењето со кое ја ставаше раката в џеб, или ја вртеше цигарата меѓу прстите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само Апостол Макаровски пуши, ја тркала цигарата меѓу прстите, испушта долги облачиња чад во лицето од Ристо Коларов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)