Плетон не го ставил потписот: - тој сметал дека латинската црква е дури и поголем непријател на слободната мисла, отколку православната (во тоа време грчка).
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Значи јас сум ти била постара и од таа црква, или поточно таа и не била родена кога ме донеле за да ме остават пред нејзините двери.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Таму дознав дека црквата е стара десетина години!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Внатрешноста на црквата е посебен монумент - фреските, сликита, склуптурите... Акустичноста е совршена.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Робијаш, занесенко. Против златната наша црква е. Безбожник, нетрапник.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Проектот е следен: со подводни камери се снима потопената црква и со помош на видео-бим истовремено се прожектира врз еден вештачки облак, така што имаме „превртена перспектива”, водата сосе црквата е на небото!
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)