цут (имн.) - од (предл.)

а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Обрастен со разно зеленило брегот е убав во секоја доба: во пролет е прошаран со цутови од секакви бои што шират опоен мирис и им внесуваат немир и возбуда на пчелите; во лето се гледаат разни плодови кои дрочат на сонцето и ги намамуваат птиците; во есен не се знае кое дрво полична боја има; пламтат лисјата како оган; зиме покриени се со бели пулајки, реси и чипки.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Зад нагризениот ѕид на соседната куќа густ цут од вишни, неизброиви меки пердуви закачени за воздухот како да се двоумат изненадени снегулки да ја покријат земјата или да се вратат во торбата на Јануари.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Езерото се разниша, се крена ветер од него и започна да дува по брегот да го кине и да го разнесува младиот цут од овошките.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Варзилото сам им го беше донел од бојаџиската чаршија на Тодора, на Паунка, и на мајката Јана, а кромидовите лушпи и цутовите од лутиче сам ги слупи и ги набра, и сѐ се радуваше дека жените ќе се зближат во радосното вапцување, а Тодора ќе ги отпушти дизгините.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
После го поткрена. Го гледам над мене, ко цут од јаболкница го гледам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)