час (имн.) - бев (гл.)

- Вангел умре, рече - како куче во ходникот на клиника.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Некаде околу девет часот бев на автопатот Охрид – Кичево.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Откако единаесеттиот ден од месецот во раните утрински часови беше спроведена рацијата во трите места каде што живееше еврејско население, според прецизниот план, лицата од еврејски происход како што службено ги именуваа, без оглед на полот, здравствената состојба и возраста, беа донесувани, и според прецизниот план и инструкции и конфинирани во големата зграда на скопскиот тутунски монопол.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Мамо, зошто јас немам сестричка?“ прашав додека ручавме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ташко вчера добил сестричка. Станал брат. Денес по часовите бевме да ја видиме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мама се зачуди: “Зошто прашуваш?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Часот беше три по полноќ кога чалгаџиите си ја делија печалбата и сите забрзаа накај своите куќи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По нешто повеќе од два часа бев готов со сликата. Направив портрет - акварел.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во меѓувреме Рада беше префрлена на интензивното одделение каде што наредните неколку часа беше грижливо надгледувана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога чул царот пресудбата од царицата, недраго му паднало оти таа да знает да пресудит поарно од него и на часот беше је рекол вака на царицата: - Слушај вамо, царице, ти да си земиш што ти је најмило и да си одиш кај татка ти, оти јас те нејќам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Зер така било повела божја, што је прошетала сета земја и биела чумата луѓе: мажи, и жени на ден по многу стотници, дури и илјадници, за да викаат луѓето: - Себап - онан бог џан'на, на тој што се стори себап и се роди чумата!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ноќта беше стигнала (родила) жената дете машко.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тоа проговорила чумата и беше го испоганила царот, татка је, та на часот беше умрел.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Е да, не ти велел да се носите на рамо, бре татко, туку ти велел да чините лакрдии за полесно да ви дојдит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога чул Лалата тие зборои од царот, му се поклонил и на часот беше тргнал да одит по цареа земја, да бара девојче умно и разумно.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ја послушал мажот је и уште на часот беше тргнале да бегаат во друг град.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Арно ама, брго - брго, па му никнуале.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Чекала сирота баба вечерта да је дојди кокошката - не је дошла.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Море, каде е крив оџакот, бре братко - му рекол чоекот - зер така ти се гледа тебе?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еден ден отишол на риби и му се погодило да вати една риба многу шарена; кој да ја види, ашик да се стори од што била рибата шарена.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
По еден час беше сервирана вечера што се состоеше од мешана салата, студено телешко, паштета, слаткарски пирошки и шампањско.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мајко моја, овој за час беше пометен, се пробуди.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сите кои беа во офицерскиот дом, во тие неколку часови беа далеку од сите проблеми кои ја тресеа земјата, а и светот во тоа време од човечката историја.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во паузата од половина час беше организиран коктел со мала закуска.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Оваа средба Ема ја закажа претходниот ден, по разговорот што таа го имаше со Шефот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За половина час беа во нејзината пространа двокатна куќа во Пржино.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
По половина час беа во студиото на Ема Ендековска.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Такви моменти му се јавуваа одвреме-навреме, но обично на часовите беше мирен.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Само пред неколку часа бев во него, а сега како да гледам сосем друг град.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Обесен за стапалата, додека скалпелот му минуваше преку грлото, а уште еден низ градите; неговиот труп в час беше испразнет од утробата и поставен на маса под улицата, во скриената келија.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Навистина, еден негов комшија се колнеше дека таа вечер го видел како во црвена пижама со бели цветчиња се шета низ градскиот парк, но јас самиот им потврдив на одговорните дека другарот Ѓорѓи до раните утрински часови беше кај мене, а потоа замина право во својот стан, се разбира облечен сосема нормално.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Час беше примерен пациент, час вистински лудак.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
80" И поради тоа доцни, затоа што тој отишол да купи, надвор врне, затоа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не знам точно колку часот беше. Мислам дека беше 5 и 20.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Еколозите со професорот Еко веќе во седум часот беа на теренот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Па повеќе од три часа бев на еден собир на кој стручњаците се трудеа да ни објаснат некои работи. Беше многу интересно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Само пред неколку часови беше тука, со сите нас, до Мајка, крај сите свои книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Паркот беше огромен, ние не знаевме дали се движиме во вистинскиот правец, оти беше многу темно, а часот беше...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не смеев ни да помислам, ни да прашам колку е часот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)