час (имн.) - треба (гл.)

Мора зад сето тоа да се крие нешто страшно матно, нешто страшно мачно, нешто до кое синот само се допрел или само го насетил и веднаш изгорел, тој час требало да го снема, како непожелен сведок, како веројатен очевидец на нешто што не само што не смеел да го види туку ни да го претпостави со последниот дел од свеста.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Госпоѓо, јас веќе му јавив на вашиот сопруг, дека утре во 8 часот треба да дојдете во социјалната установа „Колевка“ во Суботица за да го преземете вашето бебе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Не очајувај мој драг докторе. Секогаш има време за поправка и втора шанса, а сега седнувај на маса, во десет часот треба да бидеме на закажаната дружба. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Веќе сме наседнати да конферираме, а крај нас едни двајца се размавале со мечовите и секој час треба да се види кој кому ќе му ја отсече главата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)