час (имн.) - наутро (прил.)

3 Во оваа компанија од фармацевтската дејност, во којашто има- ше околу 35 вработени, според систематизацијата на работните места, таа ја извршуваше задачата на фармацевтски техничар, работејќи сменска работа со дежурства на шалтер – непосредно во контакт со пациентите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
4 Работната атмосфера, особено по доаѓањето на новите газди и смената на дотогашната сопственичка структура, почна забрзано и значително да се „вжештува“: беше поставена нова директорка која ги тераше вработените да работат и за викенди, без да бидат 218 соодветно платени за тоа; се работеше и по цели денови – од 7 часот наутро до 21 часот навечер, под образложение дека на вработените „им фалеле работни саати“ за да ја остварат предвидената норма; перманентно некој од вработените работеше и на празници – без за тоа да добие надоместок [дневница] или, пак, слободен ден; а беше вршен и перманентен мобинг врз работниците – преку разни средства на вознемирување (на пример, тие беа тенденциозно казнувани за измислени „прекршоци“ и дисциплински повреди; често, при пописот на лековите, беа лажно обвинувани дека имаат наводен кусок, односно „минус“ во касата – дури и по неколку илјади денари, а којшто потоа требаше да го надокнадат од свој џеб; беа терани солидарно да учествуваат во плаќањето на сметката за фиксен телефон кој го користеа исклучиво за службена комуникација и сл.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мајка ми била толку многу осамена, тажна и исплашена во истиот тој кревет, иако не морала да стане во шест часот наутро, да ги слуша вестите и да го поздравува знамето (кое и да е) ниту, пак, да јаде парче леб со салама или кашкавал, ако имала желба за некаков друг оброк сосема различен од тој. ...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Едно бонбонче го делевме сите тројца заедно, мајка ти, Пане и јас.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
До шест часот наутро ќе смислувам нови зборови, ќе земам залет со очите, ќе викам со гласот на тупаниците.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Камионот со поштенските пратки поаѓаше од поштата во Штип во шест часот наутро.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Јас стигнав таму во осум часот наутро и затекнав само еден човек во елек и без палто, мошне скромен и љубезен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Го паметам првиот ден на мојата работа, што требаше да ја започнам во некоја сонлива канцеларија за товарен транспорт.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И не сте биле свесни за убавината на станување во 4 часот наутро.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Прашувате зошто? Па тоа беше првото нешто што ќе го слушнете некаде пред седум часот наутро, кога ве будат за на школо.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Пак ме прогонува несоница. Станувам од спиење во седум часот наутро.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сега е четири часот наутро.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ќе дојдев неколку часа наутро, потоа ќе дојдеше Матеј да поседи малку со тебе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Твојата работа почнуваше во 7 часот наутро. Речиси никогаш не доцнеше.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во два часот наутро, Дејв се разбуди кога Ренди се симна по скалите.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во три часот наутро, Чарлс беше сѐ уште буден во својата малечка соба.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Појадувавме на полноќ, ручавме во три наутро, а вечеравме во студениот и сѐ уште мрачен шести час наутро.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Маријанти им се восхитуваше на албанските морнари кои точно во шест часот наутро излегуваа на рамнинката и десетина минути вежбаа со пушките.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Станување во шест часот наутро, во седум појадок, во еден ручек и во седум вечера.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се чувствуваше преморен. Не му беше јасно зошто се наоѓа на подот во фитнес-клубот во четири часот наутро.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Потсетуваше на мене по многу работи, само што мене немаше кој да ме види и да ме опише затоа што се удрив во четири часот наутро, на ѕидот оставив цела црвена шлаканица и од еден сон потонав во друг, црвен, тежок, и се разбудив слично како и тој, со некои лекари околу мене и со отворена уста.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дејан го сретнав во дворчето. По два дена од мојот притвор сфатив дека можам да шетам низ тоа дворче заедно со другите мумии од одделот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Седумдесет авиони кои полетаа од аеродромите во Лерин, Рупишта и Кожани во пет часот наутро ги нападнаа позициите на ДАГ, а половина час подоцна, рововите и бункерите почнаа да ги бијат сто и четириесет топови, уште толку тешки минофрлачи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако некој ти провали во куќата во три часот наутро, ја креваш телефонската слушалка, бираш 0.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го држиш пиштолот и клечиш на креветот или на подот, и викаш, Вешто ракувам со полу-автоматско оружје. живеам на Еден Еден-Три четири Источен Холи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ова му го кажуваш на телефонистот што ќе ги повика цајканите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Немаш време да избереш 92.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Така до пет часот наутро.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
3. Сега веќе знам: истрагата е од 11 часот навечер до 5 часот наутро.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се врати во четири часот наутро.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
10 Станав рано тој ден. Околу осум часот наутро.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)