Славните ги потенцираме со тоа што им градиме споменици, или како што би рекол Лец: „... часовници кои и откако ќе ги снема ќе го означуваат вистинското време“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Впрочем, кога се работи за времето, се чини дека не постои ниту еден доволно прецизен исказ во јазикот, со кој строго би се дефинирале границите на различните индивидуални временски моменти. = моменти и инструменти = До XX век или поточно до појавата на Ајнштајн и неговата Општа теорија на релативитетот, со која се утврдува праволиниското време како конститут на космосот и на човековото битие воопшто, сите мерни инструменти за времето имаа кружна форма: почнувајќи од римските солариуми, преку песочните часовници кои се вртеа околу својата оска и завршувајќи со прочуените јајца-часовници на Фаберже (јајце: форма со неверојатно богати митолошки асоцијации).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Го симна и часовникот кој запре по умирањето на Илко.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Сказалките на часовникот кои трчаат една по друга и сега кога време немаш.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Во излогот имаше чинии со завртки и навртки, изабени длета, ножиња со искршени сечила, излижани часовници кои дури не ни претендираа дека се исправни и друго безвредно ѓубре.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Го погледнува новиот часовник кој му работи на механичка енергија. - Во единасет навечер?
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Во себеси, во некој дел од својот мозок, тој, како што велеше, носи часовник кој никогаш не запира, што никогаш не изневерува.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)