Најмногу навикнати на туѓи господари и знамиња, а најмалку на своето, на старото древно знаме уште од војните на Скендербег, во 15 век, тие често го криеја, во чеизот на невестите, во двојните дна, под подовите, го соѕидуваа, со надеж дека слободата ќе го развее.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
„Јас немам женско, и затоа ми е полесно”, ѝ рече мајка ми на Рашела, која со светнати очи, ја слушаше како ѝ ја соопштува намерата да ѝ даде мираз за свадбата, смеејќи се од сѐ срце, заедно со нас на коментарот на мајка ми, секогаш кога Евридика ќе додаваше нова сума на чеизот на Рашела:
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Една вечер, со решителниот, силен глас, мајка ми побара од татко ми да ѝ дава редовна сума пари за правење чеиз на девојката.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)