Вратен од некаде, тој во просторијата со тркалезни отвори, не чувствуваше потреба да излезе дури ни на балконот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Монотониот звук на фабричката лента беше едноставен, смирувачки, исто како и неделниот чек кој редовно го подигаше во петок, по само десет минути чекање во уредна редица од работници дојдени, како него, којзнае од каде – Руси, Црнци, Кинези (колку многу Кинези!) и некои други раси и видови кои не ги ни препознаваше на прв поглед.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Другите, по 3 недели чекање во Смирненскиот затвор, на 28 мај тргнале кон пристаништето, каде што ги чекал пароброд за Триполи.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во мојот пасош, виза до виза (секоја макотрпно добиена по понижувачко чекање во редица пред амбасадите).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)