Требаше да го сторам клучниот чекор кој, со децении, го сонуваше мојата мајка.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Постојано мислеше на тој крупен чекор кој можеше да му ја промени заебаната судбина.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ме следат непознати чекори кои стравот во мојава душа го претвораат во болка.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Зошто овој студен немир ги разниша столбовите на моето светилиште, мирот во моето срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Навистина, ние правевме пикник под вистинска елка, играјќи чудна игра која дедо ми ја нарекуваше „одбројување“ и во која секогаш морав да го прашувам за часот, а тој да го одредува правецот и чекорите кои требаше да се направат.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Секако, позитивен чекор кој е за поздравување е дополнителниот Амандман XL со кој се пропишува дека начинот и постапката пред Уставниот суд ќе се уредат со посебен Закон за Уставниот суд кој ќе го замени досегашниот чл. 113, а секако тоа ќе значи дека и постапувањето по уставната тужба ќе биде подведено под новата легислатива,150 додека пак Деловникот ќе остане да ги регулира техничките аспекти за внатрешното организирање и функционирање на Уставниот суд. 149
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Сетив дека тој миг беше проследен од секавицата на задоволството што помина по нејзиното лице; а ваквото чувствување на моментот беше означено и со успорувањето на нејзиниот чекор кој и без тоа беше прилично бавен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Нема да ги спомнувам другите поединости кон кои упатуваше поткренувањето на раката што го водеше мојот поглед кон тумбата, бидејќи уште веднаш сфатив дека нејзиниот избор не беше случаен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Поетот Махмуд Дарвиш не веруваше во својата поезија- живот дека постои враќање од егзил. Тој својот раиз ќе го напушти на овој пат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мене ми остануваа сведоштвата за Арафат од времето на почетокот на остварувањето на политиката чекор по чекор која ја доживував во Картагина кога овде започнаа првите американско- палестински разговори, во пролетта 1988 година.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А можев и сето ова што сега го велам да го турнам во бунарот на заборавот и да сметам дека не било допрено ни од здивот на стварноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Затоа и помислувам дека онаа вечер кога ја осатавив на цедило Дуда можев да сторам и таков чекор кој засаекогаш ќе ми ја изменеше судбината.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Потоа се сврте, им се придружи на другото дете и возрасниот човек, и тие излегоа низ портата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Едно од децата се оддели од мажот, и направи два чекора во правец кон жената, два чекора кои можеа потоа да се претворат во трчање, но одеднаш запре.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
После сето ова, таа решително 212 изјавува дека доколку во иднина повторно ѝ биде прекршено некое работничко право, без двоумење пак би тужела.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Примерот на Ф.И. е посебно вреден за одбележување затоа што тој јасно покажува дека одлучноста и храброста на работниците да истапат пред загрозувањето и кршењето на одредено работ- ничко право од страна на работодавачот е можеби најбитниот чекор кој понатаму би водел кон позитивна разрешница на ра- ботниот спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)