Така Ринго зачекори надвор од Зоолошката градина, и, бидејќи чекорите му се - не големи, туку - огромни, еве ти го набргу на главната улица.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Со болката што сега јасно ја чувствуваше во градите, чекорите му стануваа уште потешки низ длабокиот недопрен снег.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Крвта од срцето на Лазар Уморот почна да го совладува – почувствува како чекорите му станаа поспори, а снегот како сè повеќе да му се лепеше на војничките чизми.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Со секое кревање на ногата креваше уште две-три кила тежина.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Насетуваше дека е само прашање на време кога нозете ќе го издадат и ќе почне да се тетерави.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Се тетерави, чекорот му е тежок.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И полека во неговото тело почна да се всадува едно ѓаволско чувство на сопнат, чекорите му стануваа сѐ покуси по таа нагорничавост, а по лицето му израснуваа ситни студени монизда пот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ја понесе од тоа само леснината на трезноста, од која чекорот му стануваше поцврст, а задоволството со себе заминат и од целата таа утрина сега можеше да му узрее во радосна насмевка, што ја сети во своите очи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Идеше киселикава миризба на сурова буковина и суво штипкање на пилотини во носалките, од тоа кивна, загазувајќи до глежневите во белиот слој пилотини, по кои чекорот му беше мек, помек дури и од снегот, а ги чуваа тука за да држат топло.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А можеби неговиот поглед се беше нафатил да измери уште колку чекори му претстојат до нашата куќа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Всушност тоа мерење на далечините, како и времетраењето на пристигањето и оддалечувањата, беше една од моите посакувани игри.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Место војнички појас, обичен ремен. Ракавите широки и нерамно потсечени. Само чекорот му е сигурен.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Влатко чувствува како чекорот му запира, додека сите други трчаат...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Чекорите му ги слушаше постојано зад себе и постојано на иста далечина.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Шамијата на главата веќе ѝ беше мокра, а очите ѝ се полнеа со солена пот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)