Околу пладнина Тренков си ја даде својата последна наредба на војводите: — Ајде сега, другари, соберете ги луѓето и право на чешмата во жиовските ливади! Тивко, со мукает слегувајте.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дури да слезат до чешмата, низ растот останаа пет шеесет може и стотина од селаните, што на Толета не му откина од острото око, бидејќи сите в глава ги познаваше.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Водата што течеше од чешмата во бањата капеше како под некоја шифрирана Морзеова азбука, постојано едномерно и многу силно одекнуваше како да ми капнува на главата и секоја капка заболува и го лади местото каде што ќе се лизне.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Госпоѓа Мариела ги стави кредата за пишување и сунѓерот во шкафот до школската табла, ги изми рацете на чешмата во аголот на предавалната и со брзи чекори по скалите, слезе на приземјето.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Се превртуваше по стутканиот чаршав, стануваше, ја бараше чешмата во мракот и легнуваше несигурен дека пак и веднаш не ќе стане.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во таа ноќ додека главите на непокореноста заседавале, помеѓу две ѕидни ламби во куќа на угледен домаќин, меѓу нив и Питу Гули со пресна дупка од куршум во слабината, некаков Татар или Монгол или Черкез и пак со име Татар, турски дезертер и негов приврзаник, му го повел белиот коњ да го напои од бигорното корито на чешмата во дворот на една од неколкуте цркви.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Туку, и тие се жалат, вели пашо. Еве пак овде, муфетишот Мехмед Емин испратил извештај до мутесарифот за правење канал од чешмата во Папучилар Мејдани, крај Серава, од страна на мутевелијата Нуриш-ага.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Изгледа оттаму ги протерале калуѓерите или калуѓерките и нѐ сместија во големи одаи со кревети на кат, по дваесет и повеќе деца.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Како се викаат чешмите во нашето село, да каже Маре. - Нова чешма, Лаброва чешма... Изворчето, Кочанка, Под липките.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тетка Ана ми ја грабна слушалката од рака и му рече: - Зете, не знам што да правам, сите чешми во куќава течат, ќе нè поплави некој ден.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Сепак, Ване се надеваше дека ќ е ги измие уморот и потта под шурката на чешмата во дворот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кога утредента се соблече да се бричи, на чешмата во дворот, Грдан виде дека по вратот е сиот во модрини големи како модри сливи.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тогаш, како порано татко му, се изми под чешмата во дворот гол до појас, ја прожабурка устата од згорчента скрама на сношното пиво, си ја истри снагата со рапава крпа додека не му се вцрви кожата и сркна едно лажиче зашеќерено слатко со чапче источена вода.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Да појдеме и да јавиме оттаму дека дрвцето е скршено, дека чешмата во паркот е запустена.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Кај потпорниот ѕид над кој се издига Планинарскиот дом Шесте чешми во еден контејнер ги изпразнија ќесите исполнети со отпадоци собрани патем - искачувајќи се по рекреативната патека.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Мразулците што се фаќаа на чешмите во дворовите создаваа мали дворци, тврдини, никогаш невидени во животот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се избистрија и чешмите во селото и луѓето сјурнаа навалица да пијат колку можат и не можат - да се наситат; започнаа фурните по дворовите да чадат, да печат луѓето леб, да јадат, да го заполтат гладот: ги јадеа уште жешки лебовите, уште неостинати; собираа зеленчуци и плодови останати по тињата, ги миеја и ги групкаа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)