Сè е таму сосема „природно“, приспособено на телото, на некое астрално тело, кое има врска со ова мое тело преку мојот астрален папок...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Четвороаголното претсобје беше наместено како дневна соба, со кауч, две фотељи, изразито гломазни и четворна, сниска, прилично просторна маса прекриена со наштиркано бело милје и една голема зелена стаклена чинија полна со домашни ситници за да ѝ бидат при рака на домаќинката.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На масата садовите се поставени наопаку, но не паѓаат, чинијата полна јадење, виљушка, лажица и нож, парчиња леб и чаша ракија од суви сливи.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)