Мракот ми е ден, сенките придружнички: никој не ме гледа, закулник сум дури и за очи на був, од студентските дни Asio otus, а јас можам да ги ѕиркам низ чипките на завесите - стојат под прозорецот изѕемнети дури и од летен дожд, црни, со лица на шумски сатири, влакнести и балсамосани под кожените облеки, да ти се смачи од тие човеколики пци со совршено полициско педигре.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога беа на она место, каде што виделината на тој спрпелкан ден сосема се изедначуваше со врнежот, оние двајца толку се затскрија зад густата чипка на развиорените котолци на снежинките, што тој сега сети и како го штипкаат очите од таа напната и упорна загледаност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)