Од восхитот со кој му зборуваше Камилски на Татко за руските класици на литературата, најмногу откривани од читањето за нив во делата на Андре Мазон, Татко можеше да утврди лесно од каде потекнуваше прорусизмот на неговиот пријател, кој подоцна, продолжувајќи во просоветизмот својата судбина ја насука во сталинизмот, што можеше да го чини глава на Голи Оток.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но Климент Камилски најголемата благодарност и восхит му ги должеше на Андре Мазон, кој ја беше утврдил посебноста на македонскиот јазик, близок до српскиот и бугарскиот, но различен од обата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Денис Опенхајм (Oppenheim) е каменуван во Страв од камениот круг (1971), а во Положба за читање за изгореници од втор степен (1971) се здобива со сериозни изгореници од сончање.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Австралијанскиот уметник Стеларк (Stelarc) своето тело го закачува за месарски ченгели.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)