чичко (имн.) - во (предл.)

Кратко време пред тој да дојде во Истокот за да се видиме, ми откри дека бил кај еден чичко во едно село кај Западот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Насобрани околу некој постар чичко во кафеав костум кој што пресреќно се смее.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ги фрлав накај клацкалките и слушав како камчето прави "тинг" кога ќе се удри од железото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Девојче, - ми се сврте еден од чичковците во сино.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Видов дека мостот не е мазен каков што беше кога го обоија претходниот ден двајцата чичковци во сино, туку наместа беше рапав, како нечии раце да се лепеле по него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Едниот со шрафцигер ги затегнуваше синџирите на горниот дел од лулашката, а другиот ја зацврстуваше новата даска.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Покрај големото расчекорено железо стоеја двајца чичковци во сини панталони со прерамки и избледени сини капчиња врз главата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таа го замолила некој чичко во близина да го причува детето додека се врати.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)