Ама човекот сака да се удоми, куќата утре да си а отвори, па не е ни престарен на челад да не мисли.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И говорам во свое име, зошто ако човек сака да говори на друг начин, веднаш може да го побара Татенцето на својата Протоплазма и Мајкичката Келија...
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Митре си ја зеде грижата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ете, утре ќе одат пазарџии со штици, ќе тргнеш со ниј со едно магаре, оди ми со здравје, ама јас не одговарам за твоата глава, — се искажа Толе и го викна Гулета. Му го предаде Ѓорчета со два збора: — Човекот сака да биде мариовец и утре пазарџиа за Битола.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ниедна наредна љубов нема да биде налик на тој порив на копнежи чии извор е божественото срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Само еднаш, искрено со целото свое битие, со силата на чувствата човекот сака.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ме прашуваа дали ми е добро зошто сум се вратила, и безброј такви директни прашања кои бараа детално објаснение, во мигови кога човек сака да се затвори во собата и да ја чита својата омилена книга.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Нејзината база беше изрека од енциклопедијата „Мислило“, која во здодевните денови ја разлистував, а ветуваше голема помош доколку човек сака самиот да си помогне.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Се претпоставува дека човек сака да живее за да „извлече задоволство од тоа што другите го почитуваат и сакаат”.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Се раѓаат во тој напор на мислите и во враќањето на настаните нејасни излези, посакувани решенија, пророштва чуени некогаш во цигански шатор, стереотипи на гледачка на дланка, во кои, еве, во некој дел од животот, човек сака да поверува.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Постојат моменти кога човек извршува симболично самоубиство, уживајќи во сопственото исчезнување и понижување: тоа се моменти кога човек сака до толку да се понижи, што да падне сосема ниско, а да ги убеди другите дека таму доле, му е сосема добро и дека е задоволен.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се може и без тоа. Ако човекот сака некаде да стигне, ќе праша.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Побудите поради кои човек сака да го знаат како родител на некое дете треба да се преиспитуваат секогаш – како побудата на Крафорд да добие публицитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
- Гледаш? - ѝ се сврте Фоте на Маре, сега отворено. - Човекот сакаше да се заблагодари.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Човек сакам од тебе да стане, човек сакам од тебе да направам. Разбираш ли? - Да, тате.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
- Сега за кој човек сакате, вели за кој човек сакате да знаете уште колку време ќе живее. Конецов се ќе ни каже, вели, огнот се ќе ни каже. - И ние кажуваме имиња од луѓе што ги мразиме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)