човек (имн.) - ги (зам.)

Не можеше да ја голтне плувачката: грлото рана му беше, го болеше...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Човекот ги затвори, ги стегна клепките на очите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И пак за миг, како да ги виде откосите, што овој човек ги беше оставил зад себе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Има грст заби кои се непосредно извадени, еден по еден и има рака или грст заби кој човек ги вади од џеб, од порано што ги вадел и ги има со себе за моменти на размена на зборови.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Човекот ги допре со прстите на танките, козји нозе старите пантофли, се исправи полека и појде кон ќошот на собата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Природата е полна со болести, но исто така е полна и со лекови, само ако човек ги знае.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во тој голоем миг, а миговите се секогаш големи како човекот ги заборава навредите и станува благ и готов да проштева, се насмевна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И штотуку есента распослала магли, немало тогаш две сонца вечно лето да е, човекот ги повикал некогашните свои пријатели да повелат малку да се крстат пред неговиот ум.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Човекот ги уништува. Сѐ поретко и поретко кружат во облаците, - рече Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По неколкупати луѓето ги креваат мотиките над главите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И луѓето ги прскаат со вода, им посегаат в уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Грета: Изгледа кога човек ги јаде вашите пици од газот му излегуваат невообичаено гадни нешта.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Среќко: Три пара крилја?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Штотуку излезен од чадот на јагленот и од миризбата на згурата, човек ги плакнеше очите не толку од водата на Водно колку од солта на солзите.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Човекот ги барал своето семејство, својата куќа, своите деца, мајката на своите деца. Проклет да бидам, тоа барал човекот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кај и да погледне, човекот ги сретнува тие дланки - под коњските поткови, на грубите ѕидови, пред своите стари чевли.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Човекот ги свртува кон него само очите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Умираат од загадениот воздух, се трујат од тие хемиски средства со кои човекот ги прска растенијата, а голем број страдаат од несовесни ловци, оние со вистински ловечки пушки, но страдаат и од помалку опасните воздушни пушки што најчесто се наоѓаат во детски раце.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Иако цивилизираниот човек ги напуштил таквите верувања, некои впечатоци се во состојба повторно да ги оживеат и наизглед дури и да ги потврдат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И човекот е езеро И човекот ги прибира на починка своите бранови.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Нивната немоќ да се доближат до нормалниот човек ги оддалечува уште повеќе од човекот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Значи: правиш злодела за кои и самиот не знаеш и затоа тие ти се простени – продолжи старецот. – Постојат и поголеми змии, кои поради својата големина и чујноста на нивниот шум, човекот ги открива.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Страшниот човек ги допреплаши децата со тоа што, кога тие се свртија кон него, се принамршти и им свика: - Што правите тука, бре ќерата!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тие почувствуваа дури дека брадјосаниот човек ги лаже нешто исто како кога лисицата му се преправала на петлето за да му го скине вратот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Луѓето долу, на улицата, имаа смалени фигури и беа раштркани по плочникот, ретки автомобили брзо ја пресечуваа стеснетата бела врвица по средината, само двократниот црвен автобус, откако ќе се занесеше на завојот од плоштадот, на влегување во главната улица, лазеше тука рамно, притеснет во некоја своја одредена четвртеста линија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Претпазливо, како да ја испитува издржливоста на железните пречки што го држат, се наведнуваше со телото над уличната бездна, сеќавајќи го уште посилно засекот на железото во мекото месо на подлактицата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Човекот ги префрли обете раце преку железото, како да се распнува на него, и сега гледаше удолу без она несигурно стоење на тлото.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)