чудо (имн.) - бев (гл.)

„Ајде тете, што зборуваш? Микица го заведува Кизо!“, во чудо беше внукот, а и не можеше да поднесе да слуша глупости.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога ги видоа домашните, на големо чудо беше станале.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Убав свети Ѓорѓија, што чудо беше ова? Внатре, со многу дуќани во кои се продаваа памучни ткаенини, коприни и везови, производи на папуџиите и копчарите, чадори, со сокаци убаво калдрмисани, чисти, безистенот личеше на малечок град изделен од секаква нечистотија и човечка несреќа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И за чудо беше. При такви услови на животот оваа беговска стока се множеше од секоја друга повеќе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)