Чудовиштето се доближува, козичката се исправи гордо со роговите, ќе се бори во името на сиот козји род, во името на овие кутри козари слушатели на чело со Чанга, подобро да се бори отколку да ја изгуби слободата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Подводното чудовиште се размрда за час, а водата се разбуричка. – А – ха ... вие сте од тие јунаци што сте се кренале мене да ме уништите ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Една од последиците беше оживеаната пеколна граница помеѓу Албанија и Македонија, одамна всадена во срцата на разделеното семејство од обете страни на границата, која како чудовиште се извиши од водите на Охридското Езеро и ги запираше луѓето со децении да ја минуваат.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И што јаде, со што ја полни утробата? Лапа птици: чапли, дроплички, пауни, и крка животни: јазовци, диви јарчишта, пци, и гладно е за човечки жили и коски.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Левото уво му беше чудно, некако врколачки зашилено, и одрано, а на 'рскавицата се сушеше розикава сокрвца. Околу рабовите на кадравите зулуфи на тоа чудовиште се навираа бледозелени тапанчиња на преситни крлежи.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
По ставата на чудовиштето се припиени илјадници пијавици - кој ќе ги напои со крв?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чудовишето се покажувало според легендата, само кога некој ќе се обидел да ја мине границата!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Околу рабовите на кадравите зулуфи на тоа чудовиште се наѕираа бледозелени тапанчиња на преситни крлежи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)