Минаа години и јас заборавив на ќесето со разнобојните камчиња, на сувата корен- рака, на иконката, на школките, на големата школка низ која патував низ морето. По далгите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Кога се потсетувам на ќесето со каменчињата и другите свети предмети донесени од Божји Гроб, пред очи ми е голема бела школка низ која, како што ми велеше баба, ако го допреш увото до устинката, ќе ги слушнеш морските далги.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)