Дури по долго време и со убедување на учителот, ќе ја согледа својата грешка, и ќе го испрати потоа на школување во Солун.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ама добро знаела дека се работи за нејзиното школување во Солун. За нејзиното добро на Балканот, како што ѝ велеле.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Генералот Кикицас, кој уште од младини, од деновите на школувањето во воената академија, таму во далечните триесетти години, беше близок пријател на Маркос, со кого го формира Главниот штаб на ДАГ, значително, но одвај забележливо погледна на Захаријадис.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Веќе си испланирав како ќе заминам на школување во Кавадарци, ех колку се радував, кога неочекувано татко ми ме пресече: Не верувам дека ќе те примат, сигурно е пополнет бројот, а јас го молев: Тате, ако таму не ме примат, дај ме барем во работничко училиште.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Колку и да се пластеа подоцна во мојата свест албанскиот мајчин јазик, македонскиот јазик на моето школување во Македонија со другите јазици како и српско-хрватскиот, бугарскиот, па францускиот, италјанскиот, германскиот, другите јазици на моето школување, остана жив засекогаш бабиниот аманет од заборавениот турски јазик, бабината синтагма а kapi, во која како да беа содржани пораките на сите учени и недоучени јазици!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Истапувајќи за неговите цели и задачи пред другарите гласно зборува: „Братска слобода, таква слобода и држава, каде луѓето ќе живеат братски, држава без цареви и кралеви, султани, паши, аги и бегови, Држава еднаква за сите вери и народности“.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)