Што се однесува на регулирањето на правото на штрајк, до донесувањето на ЗЈП од 1996 година, правата и обврските на работниците во однос на правото на штрајк беа регулирани со Законот за штрајк од 1991 година.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Оваа одлука веднаш е оспорена, и важно е да се нагласи дека за неа во моментов се води спор против Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, при Советот на Европа во Стразбур!5 Откако штрајкот беше и судски забранет, работниците мораше да се вратат на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во меѓувреме, пак, работодавачот покренува и судска постапка против синдикатот на работниците, а како резултат на тоа, во септември 2009, Апелациониот суд во Битола носи пресуда со која штрајкот на вработените се прогласува за незаконски – одлука која, според Ѓорѓиевски, е крајно спорна и сомнителна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)