2. Во серијата репресивни мерки, кои имаат тенденција да го обесхрабрат штрајкувањето, се и следниве: 55 а) наместо одредбата која предвидуваше дека штрајкувачкиот одбор е должен штрајкот да го најави најдоцна пет дена пред денот определен за негов почеток (чл. 3, ЗШ/91), сега се воведе една одолговлекувачка обврска која предвидува дека штрајкот не смее да започне пред завршување на постапката за помирување, согласно со овој закон и „акт на министерот надлежен за работите од областа на трудот“ (чл. 236, ЗРО/05); 38 б) работодавачот, односно здружението на работодавачите, може да бара од надлежниот суд овој да забрани организирање и спроведување на штрајк спротивно од одредбите на Законот, како и да бара надомест на штета која ја претрпел поради штрајкот кој не е организиран и спроведен во согласност со овој закон (чл. 242, ЗРО/05); в) воведени се посебни правила за работите кои не смеат да се прекинат за време на штрајк:
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Работодавачот може да бара и надомест на штета која ја претрпел поради штрајкот кој не е организиран и спроведен во согласност со овој закон (чл. 242, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Што се однесува до припадниците на судската полиција, тие, со измената и дополнувањето на ЗСС (2008) од 2010 година, покрај останатите ограничувања на начинот на одвивање на штрајкот кои беа пропишани за нив во 2008 година (чл. 86, ЗСС/08), добија уште една дополнителна обврска: да го остваруваат своето право на штрајк на начин на кој нема се нарушува редовното извршување на работата (чл. 35 и 37, ЗИДЗСС/10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Но, збунува „навивачката“ штрајкбрехерска одредба, која вели дека работодавачот, односно здружението на работодавачите, може да бара од надлежниот суд да забрани организирање и спроведување на штрајк спротивно од одредбите на закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Спротивно на неа, по ново, на работникот може да му се даде отказ ако организирал или учествувал во штрајк кој не е организиран во согласност со закон и колективен договор или, ако за време на штрајкот, направил некоја друга тешка повреда на договорот за вработување (чл. 239, ЗРО/05); г) избришана е и одредбата која велеше дека, во текот на штрајкот, органот на управување и работоводниот орган не можат да вработуваат работници кои би ги замениле учесниците во штрајкот (чл. 14, ЗШ/91), и на нејзино место е вметната една крута и заплашувачка одредба, според која работодавачот може да отстрани работници од процесот на работа само во одговор на веќе започнат штрајк!?
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)