шубара (имн.) - и (сврз.)

На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По таа вест што ја донеле изѕемнати дрвари со големи шубари и со трпки под кожата, селаните попусто поставале заседи и острозаби стапици, најмногу по врвиците што се спровирале низ северната црногорица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Далеку од очи, далеку од срце, нова категорија на врска, во која не мора да бидеш секогаш тазе исфарбана, а за на „скајп“ си ставаш капа или шубара и си муабетиш, или си недостапна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Секако дека љубовта на мечката била поголема од неговото искушение; ѕверката не се бранела и не оставила на неговата става ни најмала гребаница.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во него остана само уште една желба - да разбере каква е таа полна воденичарска вреќа, покриена со шубара и наведната над него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)