- Иста ни била судбата, моме мило, сами двајца под исто небо - Гледај, една ѕвезда паѓа - по неа светла трага - толку.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Од што ли беше тоа никој не знаеше; но што повеќе тој се занесуваше со ѕвездите, таа сè повеќе паѓаше; тој ја освестуваше и си велеше себеси: Ах, не си го послушав татка ми кога ми велеше: не жени се сега, синко, во ова време многу ѕвезди паѓаат од небото.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)