Воздишка ли да испуштел спрам некого, од мака, или од севда некаква, врз овега круна од ѕвезди небаре се правела, небаре да му свети како на светец и да го пази со сечилото на светлоста.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Од што почна да ми студи, почнав да тапкам врз смраморениот снег под мене и ја кренав главата кон небото: небото изгледаше подсивено од студ, а ѕвездите небаре се смалуваа на небото.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)