ѕид (имн.) - или (сврз.)

Отиде само чекор назад, тогаш пред неа ќе биди стрелачкото одделение или само командантот – под ѕид или навалена карпа или на стебло, бам и... - тесен, плитко ископан гроб - со малку земја, малку камења, лисје и гранки.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа во Винстон предизвика извесно матно сеќавање на нешто видено многу одамна на еден ѕид или на огласно пано - едно големо шише направено од електрични сијалици кое како да се наведнува и исправа, истурајќи ја својата содржина во една чаша.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дали заради пожолтената маслена боја со која беа премачкани ѕидовите или заради времето кое течеше побавно, не знам...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не е тоа дека тој се задржува, бидејќи бев во можност по неговата сребрена трага да се уверам како својот од го продолжува и оди во добар правец, иако тоа за него значи качување и симнување низ безброј ѕидови или преминување преку цела фабрика за макарони.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Јапонските касетофони, гето бластерите, дигиталните апаратчиња во рацете на индивидуалците, ја зголемуваат моќта на HCD (најголемиот заеднички именител). okno.mk | Margina #32-33 [1996] 54
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Електронските сигнали што трепкаат во атмосферата не можат да се задржат со камени ѕидови или со погранични полициски кучиња.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
СОЦИОЛОГИЈА НА КВАНТНАТА ПСИХОЛОГИЈА Филозофијата што го предвиде ова движење не е капитализмот или социјализмот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)