јавност (имн.) - бев (гл.)

Интелектуалната јавност беше скандализирана, опозицијата постојано свикуваше прес конференции и даваше изјави по ходниците на Парламентот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тенденциозното тврдење кое се репродуцираше во јавноста беше дека со измените на овој закон ќе се решат проблемите на околу 6.000 стечајни работници и истите ќе го добијат ветеното материјално обезбедување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Пред војната се јавува како заштитник и иницијатор на закони кои се однесуваат на заштита на американската работничка класа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пред сè, јавноста беше запознаена дека по ослободувањето Југославија ќе претставува федерална држава, со еднакви права за сите народи и религии.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Преку интервјуто, американската јавност беше запознаена со неколку проблеми што во тој момент беа од интерес за сојузничките и неутралните земји.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Посебно беше нагласено, што беше од особен интерес за западните сојузници, дека основната парола на НОД не е "победа на комунизмот" туку "смрт на фашизмот, слобода на народот", бидејќи "комунистите во Југославија не можеа да ја наметнат својата волја и доктрина, а по ослободувањето ќе имаме независна Југославија и слободен народ со сите демократски слободи".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Истовремено конгресменот остро зборувал и против Луис Адамиќ, сметајќи дека тој е крив што американската јавност погрешно е известена за Михаиловиќ. 116 Кон крајот на септември 1943 година владата на Божидар Пуриќ од Лондон се пресели во Каиро, а го напушти на 9 март 1944 година. 118 Ла Гвардија во американската јавност беше познат како политичар со напредни идеи, на кој социјалистичките и комунистичките идеи не му беа непознати.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Последниот проект на Фишкин беше подвиг во кој на врвот од една кула тој изгради светилник и пулсот на светлината го усклади со чукањето на своето срце. ^укањето на срцето на уметникот пред јавноста беше положено како метафора на надежта како неопходност и - на свеста дека ова срце повеќе никому не му е потребно.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)