Внатре нашите тела ние имаме јадро во кое информацијата се стекнува, складира и процесира; функцијата на тоа јадро е да ја пренесе информацијата до библиотеката.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Изненадена од сопствените зборови, јас пак сфаќав колку е корисно на глас да размислуваш пред некого што гледаш дека му значи да те разбере и заради него ја кршиш лушпата на некоја своја замисла што скришно зреела, како ореово јадро во својот мрак!
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Не станува збор само за ергометриски вредности, антрополошки законитости на прегледноста и усогласување на предметите и градбите со човековите мери и можности, туку за промена на перспективата: градот веќе не е урбано јадро во руралното окружување, туку химера која сѐ голта и претвора во дел од урбаната цивилизација.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)