јазик (имн.) - зборува (гл.)

Кожите ни дишеа секогаш различно, окото ни клептеше секогаш различно и различно броевме чекори детски и камчиња во чевлиња, различно ни гореа гласните огнови и писмата ги виткавме различно во различни бои со различни поштенски марки, цветни усни јазици зборувавме, децата нѐ гледаа, броевме, реката знаеше, броевме спомени и слики. Колку ли слики и спомени?
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Кога прашав еден од нив дали знае на кој јазик зборува, ми одговори кратко, сосем кратко: „На нашки!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ама, не знае на кој јазик зборуваме, ни еден збор не одбира.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- На кој јазик зборувате? - го прашав. - На турски, - гордо одговори тој.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сега веќе никој не гледа што правиме, не нѐ наслушува на кој јазик зборуваме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
идат сега полицајците на Јанис Метаксас и ти дежураат пред устата, под ушите, не смееш ни кучето со свои зборови да го повабиш, ни козата да ја искараш, оти не им зборуваш грчки, ти велат, моето куче не знае грчки, им велиш, мојата коза не разбира, полицајците и оддалеку знаат на кој јазик зборуваш, по отворањето на устата знаат и идат право на тебе и во отворената уста ти плукаат и после ти ги кршат забите и ги бришат словенските букви од црквите и од гробовите,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се сеќавам дека изџвакав шест пупки на пејотл кога разговорот живна; иако не можев да разберам на кој јазик зборуваат, темата на разговорот во кој сите учествуваа беше многу интересна и се обидов внимателно да слушам за и самиот да се вклучам во разговорот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Лоши јазици зборуваа по село дека дедот поп си ја припитомил снаа си кога момчето ѝ го зедоа Србите војник, но тоа си беше нивна работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)