Затоа оваа поезија е неуморна: сето време, без престан, го надгледува претурањето од мислата во јазикот на своите говорители и чека „инцидент“ сѐ дури самата не стане тоа што го чека: инцидент меѓу мислата и јазикот чијашто разврска мора да биде во интерес на мислата, што значи јазикот треба да се шири и да се растегнува, постојано да се долева и полни не со водата на Едното, туку со водата што се исушила не сакајќи да се прелее во Другото.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Проблемот тука е сугериран од фактот дека Витгенштајн инсистира врз нормативниот карактер на јазикот, и на барањето дека правилата кои генерално управуваат со јазикот треба да бидат засновани врз согласувања во судовите и практиките (PI, I 99, 107, 240, 242; RFM, VI, 39); освен тоа, на други места вели дека употребата на изразите не е секаде ограничена од правилата (спореди, на пример, PI, I, 79-80).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Истата тешкотија и во уште посилна форма ќе се сретне при решавањето на прашањето – кој јазик треба да се признае за во училиштата и во општинската управа во патријаршиските реони.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Согласни дека дебатата за (не)оправданоста на постоењето на турцизмите во балканските јазици треба, сепак, да остане во доменот на лингвистите, Камилски на крајот замислено коментира: И така, Турците си заминаа, а нам ни ги оставија турцизмите, за добро и за зло!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Проникнувањето во сите други јазици требаше да придонесе тој да навлезе во длабината, во суштината, во комплексноста на својот мајчин албански јазик, во неговото најверојатно потекло од илирскиот јазик и во многу други мистерии кои се предизвикувани од постоењето на јазиците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ова природно води кон втората точка која сакам да ја покренам, и која се однесува на резултатот од прашањето за степенот на неопределеност кој може да се јави во правилата кои се конститутивни за значењето без да биде загрозено заедничкото разбирање на изразите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Таква мислост кон нашиот народен јазик треба да имаме и ние, ако сакаме да му останеме верни на духот на нашите предедовци.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)