Во типологијата на писмото воопшто консонантно-силабичкиот систем на писмо се појавува како чекор напред во споредба со силабичките системи на писмо, или уште повеќе, со силабо-логографските системи на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Старосемитскиот систем на писмо е далеку поекономичен во споредба со спомнатите системи и дозволува со релативно мал број на графички симболи, кој приближно е соодветен со бројот на консонантните фонеми на старосемитскиот јазик, адекватно да се изрази фонетската слика на јазикот по графички пат.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Најсовршена именка во секој јазик По звучност кратка и јасна, а толку енергична при изговор.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Оттогаш си стави копче на пис устата, како по операција на слепо црево, и се зарече да си го изостри јазикот по однос на разликата меѓу блажината на дотокот и блаженството на првотокот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)