Црвено лакираните нокти, посебно дотерани за оваа прилика, одлично пасуваа со сината униформа, со само една бела дамка на реверот, која наспроти првата асоцијација, беше од јогуртот во кој утрото го мацаше ѓеврекот.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Се облекувам додека Моне спокојно дише во својот кревет, потоа се стрчувам да го фатам трамвајот „двојка“ што оди до Железничката, се симнувам пред станицата, купувам осминка со сирење и јогурт во син тетрапак од дрвената бурекџилница и со полни раце се упатувам кон првиот десен перон.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)