Бев вљубен во синооката Ана и љубовта ја знаев до тој ден како разговор за книгите - за Робинзоновиот Петко што избегал од човекојадците, за Гуливеровите смешни настани во земјата на Лилипутите, за детските војни во Павловата улица, за сите Вернови и Велсови фантастични чуда, за приказните од Илјада и една ноќ.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
А вечерта радосно и со љубов ја бацуваше земјата на која по толку години проведени на Крф, пак стапнавме.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„Љубовта ја сметам за вирус“, вели тој, „голема измама што ја инсценирал женскиот род“.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Таа љубов ја одржуваше моќта да го издржат заеднички страдањето кога беше во прашање иднината, среќата на нивните чеда.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)