Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Пред да се самоубие, исто така, ми рече, еве ти го пиштолот Волтер, сосе муниција.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ми даде ќебе и си ги слече чизмите иако јас не му ги барав. Кога ги облеков таман ми беа.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Под високите борови - земјанки. Некои покриени со шаторски крила, други со ќебиња и черги.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во собата, под прозорецот со неколку матни дамки од месечината, некој јачеше од задоволство, додека шишкањето на ќебето и чаршавите го избезумуваше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во ќебиња и легени - посечени раце, нозе, прсти, скршени заби, извадени очи. Сѐ во една јама.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Огромниот кревет покрај прозорецот беше покриен со излитени ќебиња и со перница без навлака.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Значи, обожавам излети, па да се оптегнам на ќебе и со деца фудбал на голчиња направени од двете влечки да се разиграм боса, па скара и салатичка во леген за со ж’та (во мојот случај лимонада)и сѐ така до крајот на денот со свеќа запалена во манастирот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)