бездруго (мод.) - ќе (чест.)

Бездруго ќе те обесат. - Зошто? - ме штрекна нешто.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Заболекарот бездруго ќе те потсети дека со каква мерка ќе мериш, со таква и ќе ти се мери.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Макар што не е баш јасно дали очајниците се на морската шир или во некој од романите за почетокот на дваесет и првиот век, Габриел Гарсија Маркес, кога би бил во дворот на куќата во Картагена секако ќе им викнеше дека кој има многу ѕвезди и губи многу ѕвезди, Гбриел Гарсија Маркес, малку омлитавен и многу задишан, бездруго ќе си спомнеше и на неговите тажни курви, ќе го отклучеше чекмеџето и со други сеќавања, задолжително ќе излупеше една банана од плантажите кај Аракатака, ех, од Аракатака, вака така до врвот на сопствената мака - нема белки овој свет да стане мал крематориум на големи соништа.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Да знаеја чалгаџиите дека му свират на утрешниот свршеник на Викторија, бездруго ќе му ја испееја и песната на нејзиниот дедо, кој истурил, по битолските меани, крбли злато од мерак по убавата Еврејка... Но не знаеја.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одеднаш, во еуфоријата што нѐ обзеде пред девојчињата (цело време погледнував дали е тука Луција, но неа ја немаше; утеха ми беше што тука беше нејзината најдобра другарка и јас претпоставив дека таа бездруго ќе ѝ пренесе што видела), додека Земанек лудуваше на мотоциклот, крај оградата на патеката видов скала: обична скала со која се берат јаболка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Зошто не беше спремна со мене да ги сподели?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но за жал бев свесен дека не располагам со многу податоци што бездруго ќе ја збогатеа таа вистинитост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
АНЃЕЛЕ: Што бил толку години отиден бездруго ќе донесе.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Не сакав да го разочарам својот нов идол што еднаш бездруго ќе му стане другар на човекот со илјада лица, на Лон Чени.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Нарушената безбедносна состојба бездруго ќе ги „седне“ него и неговите најлути противници во иста влада, а набргу потоа и на иста маса со албанските партии и со „олеснувачите“ на дијалогот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Повисокиот тревар му рекол дека ќе му се покори, бездруго ќе му се покори на ножот; лицето уште повеќе му заприлегало на мудар лисец што се готви да се исклешти за своја сметка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ќе се бранам со секира. Зошто ви се вам нови мртовци со дупка на челото?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од срам, или од жал, не ѝ рекоа дека Јован нивни се потурчил, туку дека го зеле во војска и дека кога ќе се врати бездруго ќе ја повика неа за да ја земе за невеста.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Претставителите, чии имиња ќе ви ги набројам подолу, на вашите читатели бездруго ќе им се чинат многу малку, кога ќе има предвид статистиката на бугарскиот народ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да не направеше така, да не останеше сам во напуштената населба, сега бездруго ќе беше слободен од грижата дека ги предал луѓето, и бездруго ако отидеше, со нив, со луѓето, ќе споделеше една иста судбина...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Атентато врз околискио начелник беше извршен од него, вистината е таа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Овој начин на прогонување е многу исплатлив, и тој, како член на „Одбрана“, бездруго ќе биде награден.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зад челична мрежа, најверојатно за да ги заштитат од мене, седат во ист ред сведоците: ученичката во црн сатен, онаа танка скоро проѕирна жена што бездруго ќе се откажува од мене колнејќи се дека сме биле во брак, оној што еднаш го сечев под струјомерот (сиот е во превивки и под долги фластери), оној друг што остана да лежи со крваво теме во царството на пауните и тревите, двајца што еднаш ја откопуваа од подот Неговата слика.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ти тоа бездруго ќе го забележиш, ракописот видливо ми е изменет.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зад челична мрежа, најверојатно за да ги заштитат од мене, седат во ист ред сведоците: ученичката во црн сатен, онаа танка скоро проѕирна жена што бездруго ќе се откажува од мене колнејќи се дека сме биле во брак, оној што еднаш го сечев под струјомерот (сиот е во превивки и под долги фластери), оној друг што остана да лежи со крваво теме во царството на пауните и тревите, двајца што еднаш ја откопчуваа од подот Неговата слика.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Татко дополнуваше дека светот бездруго ќе биде поубав за живеење доколку умееме да се справиме со сите зборови на еден јазик и ако ја откриеме нивната обединувачка енергија за нас самите, за сите луѓе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас можам да ѝ пишам на сестра Хазбије и да ја замолам да останеш овде, таа бездруго ќе се сложи!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Си кажуваа уште многу утешни мисли за да ја продолжат работата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да, тоа е суштинското прашање прифати Камилски но ние бездруго ќе ја откриеме вистинската причина, откако ќе ги консултираме сите западни книги (кои ги носам јас), но и сите источни (кои ги имаш ти ).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бугаринот лежеше покрај грмушката и таму се истури цел рафал, па тој побегна, а јас останав и понатаму на истото место, дрвјата ме покриваа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Командирот и заменикот на првата чета ги оставија раниците, па сметав дека бездруго ќе се вратат. Тоа беа нечисти раници и празни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој знаел дека ако каже, бездруго ќе го убијат и затоа молчел.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Го молев Симона да одиме до гробиштата. Тој велеше дека бездруго ќе одиме, но вистински одлагаше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Бидејќи сите го сакаа и го сожалуваа Мирчета, рекоа дека тука бездруго ќе е виновен и Бошко.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мислев оти божјата мајка бездруго ќе ги пренесе моите барања онаму каде што треба. А може и ги пренесувала.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
СЕЛАНЕЦОТ: Ако земам, белќи ќе се пишманам, ако не земам, бездруго ќе се пишманам.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: (Го бутка благо.) Арно ќе биде! Само никому ни збор!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Њ бездруго ќе оздравеше да не се засркнеше од последната лажица.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Да знаеше кутриот Х.Х. какви мисли ми се вртеа во мојата глава, како реакција на неговите искажувања, сигурно ќе добиеше непобитни аргументи за моето тотално застранување од трајните вредности на мојата родна земја, а ако успееше да извлече од мене барем минимални докази, бездруго ќе добиеше и сигурни поени за неговото унапредување во кариерата доближувајќи се што повеќе до митски далечната Централа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ех, да знаеше кутриот Х.Х. каде ми одеа мислите, да изустев само дел од нив, по којзнае кој пат, бездруго ќе измислеше изговор, за да запре пред првата бандера, ќе го активираше телефонот на навивање, директно поврзан со Централата, ќе имаше што да јави, ќе понудеше нови аргументи за мојата непоправливост.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- И велиш бездруго ќе не примат? – прашаше кој знае по кој пат Мече, вртејќи со глава како да не му се верува.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)