можеби (мод.) - греши (гл.)

Во еден миг го облеа топлина после што како да се исплаши дека можеби грешат, но таа мисла не успеа да го потфати и понесе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Можеби грешиш, Милан”, рече таа, „Кој може да знае?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
СИВИЌ: Вие знаете подобро, господине. Можеби грешам. Иако тоа ретко ми се случува.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Така ми се чинеше, а можеби грешев додека се обидував да си ја објаснам тегобноста на моето постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не можеш да тврдиш дека тој го сторил тоа ужасно нешто. Можеби грешиш.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Уште со првите проблесоци на свеста кај детето започнува едно тегобно чувство за времето, како нејасно претчувство дека постоењето е составено од зрна песок кои ги развева ветерот, и дека единствено она чувство за себе, за Јас, нѐ држи навидум целосни, сѐ додека не биде одвеано и последното зрнце песок, тој последен остаток од животот, со кое и Јас ќе згасне, а зад нас ќе остане само ветерот на времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Кој знае... Можеби грешиш... - Грешам, не грешам, го сторив...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)