Можеби си во право, ќе додадеше Татко, нагласувајќи дека еден од мотивите за запознавање со исламската/османската/ориенталната компонента (во тоа ја вклучуваше и нивната мисија) можеби е токму тоа што таа не е мртва, скаменета, врзана само за османското и поосманското раздобје во нивната историја, туку таа е и понатаму жива, динамична, дури и продуктивна.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Дали си мераклија на собирање печурки, шумски јагоди и боровинки? А можеби си и неустрашив ловџија на кој му дошло преку глаа од тепање зајци, еребици и препелици.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
О
ти располагаш со бол
во тебе се прекршува колективот
и други показатели
О
во тебе се креваат револуции
граѓански војни
и љубов - збирна множина
О
во тебе паѓаат снегови
снегови
О
во тебе тапани
нерви и
булки од секакво потекло
О
во тебе се Тие
О
во тебе отпадоци
остатоци
недостатоци
вертикали и
разновидни
интимни
чувства
О
ти си едно минато
неопределено време
О
можеби си човек.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ова наследство, уверуваше Татко, ќе стане дури и интегрален дел на културниот идентитет на балканските народи, но со повлекување на Османлиите од Балканот и со здобивање со национална независност на некогашните милети и со нивното свртување кон Европа, ќе биде загрозено исламското културно наследство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)