4 Не знам. Сигурно никогаш не би смееле да го напуштиме историското признавање на тие ознаки, но се прашувам дали нешто во сето тоа може да се здобие со формата на само едно „историско означување“, ако тоа прашање воопшто може да се постави а притоа да не се подразбира токму одредена историографска аксиоматика којашто можеби треба да се напушти со оглед на тоа дека премногу е поврзана со разградливи филозофеми.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Со оглед на тоа, од феноменолошко и дури тривијално стојалиште, засилувањата и тематизацијата за кои стануваше збор сосема се “современи” со двата повоени периоди, со она што се случува во Европа, која силовито се доближува до другото кое дури веќе и не нејзино друго.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Телефонирам. Одговор: нема никој. 22.06 Crown and Castle: можеби треба да го забрзам протоколот со некоја чаша виски.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ќе видам, да го побарам прво Џим, мојот цимер.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Можеби треба да извојувам со предрасудите на татко ми. А потоа и со светот. Сепак, Господ е во сите нас и е еден за сите нас.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
И можеби треба и тој, сексот, да се одвои и како посебен да се третира, и да се користи без законски последици и казнувања.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Прашав дали можеби треба да честам; да не би да сум ја добил првата награда; тие се погледнаа сериозно, завртеа со главите одречно и рекоа, во еден глас, сосема сериозно: „Не“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Можеби требаше да запрам. Но, веќе бев попаднал во некое бунило.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Но како да пристапам во откривањето на некоја вистина која и за мене претставува тајна?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Честопати помислував дека можеби згрешив; можеби требаше да се обидам да ја разоткријам. Впрочем не ми недостасуваа сили.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Знаев дека можеби треба да покажам и некои знаци на љубов кон неа, ако сакав да добијам барем малку љубов од свекрвата за возврат.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Можеби требаше да подзастанам и да си ја наместам блузата, за да сфати дека ме навредил, па потоа да му биде непријатно, да му биде жал.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ги подотворив очите и погледнав надолу, накај местото каде што ми беше тешко и од каде што доаѓаше ’ржењето, и врз стомакот видов пар блескаво-отровни очи вперени во моите.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Можеби требаше да зборувам со тато.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Можеби требаше машки да се разбереме?
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Главата ти е како чајник пред да проврие“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Можеби треба да одиш на лекар“, ѝ реков.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но додека го шепотам она плашливо, можеби требаше да почекаме, ја чувствувам и самиот неискреноста на мојата забелешка.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Можеби треба да се користи како претпоставка.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Можеби требаше да почекаме“, се трудам да им објаснам.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Затоа, во предизвикот на мојата потрага, можеби треба да се започне од нејзиното последно патување преку границата, до невтасаниот живот на својот полубрат, во кој беше сѐ уште жива нивната заедничка душа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Можеби требаше да ја достигнам нејзината мака до степен на катарза, па да се излеат, токму низ моите очи, нејзините задржани солзи, дури по нејзината смрт.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)